Хеликоптерската единица на МВР е целосно подготвена за интервенции во земјава. Три полициски хеликоптери се комплетно опремени за интервенции за гаснење пожари, а наскоро се очекува еден полициски хеликоптер да биде наменет за итен медицински транспорт.
Не се регистрирани хибридни закани по безбедноста на државата, оценува првиот човек на полицијата. Според него ова се должи на примената на современи протоколи за справување со дојави за поставени бомби.
МВР се подготвува за бранот туристи кои летово ќе пристигнуваат и транзитираат низ земјава. Министерот смета дека со инфраструктурното проширување на граничните премини и аеродроми, и со зголемен број на полициски службеници, како и заеднички софтвер со српската полиција за скратување на проверките, ќе се намали времето за влез и излез од државата.