13 C
Skopje
Tuesday, April 13, 2021

Спасовски: Со ветингот кај јавните службеници институциите ќе се ослободат од влијанија

Најчитани вести

Ветингот ја дава можноста за своевидно ослободување или прочистување на институциите од системот од влијанијата, било политички, било економски, или други, коишто како исходиште ги имаат коруптивноста и криминалот. Ова го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој денеска учествуваше на трибина посветена на ветингот во МВР што се одржа во Домот на АРМ во Скопје, а на која учествуваа универзитетски професори, претставници на невладини организации, како и претставници на повеќе институции.

– Ветингот е процес во којшто преку систем на институционализирани проверки на вработените ќе се процени соодветноста на вработените не само за нивната работна позиција туку и во поглед на нивното етичко, но и кривично-правно поведение, а вис-а ви функцијата што ја извршуваат или треба да ја извршуваат. Поентата на овој механизам е да овозможи индивидуален, но и институционален интегритет и кредибилитет, елиминирајќи ги можностите од разните облици на незаконито делување, се разбира, вклучително и коруптивното – рече министерот Оливер Спасовски.

Заради тоа, како што додаде Спасовски, првично се посочува ветингот кај јавните службеници во институциите за спроведување на законите, пред сè правосудството, полицијата, затворските служби, царината и слично, поточно секаде онаму каде што се детектираат ранливите алки во системот, односно реалното влијание или подложност кон коруптивност или други форми на незаконитост.

Министерот додаде дека тие искажуваат подготвеност и решително и свесно влегуваат во сложен и долг процес заради обезбедување чесни, кредибилни, посветени и одговорни работници, преку проверка и евалуација на нивните вештини, компетенции, што е во насока на воспоставување силна институција која ќе биде гарант на стабилноста и безбедноста во нашата држава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести