-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Спасовски со благодарници за алпинистите што учествуваа во спасувачката мисија на Шар Планина заедно со припадниците на МВР

Најчитани вести

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска во просториите на Единицата за брзо распоредување на МВР во Ѓорче Петров додели благодарници за покажаните храброст, пожртвуваност и хуманост на двајца учесници во спасувачката мисија на Шар Планина минатиот месец.

„Имам огромна чест во име на Министерството за внатрешни работи да ги доделам овие благодарници за исклучителните храброст, пожртвуваност и хуманост на директорот на Националниот парк Шар Планина, Ибрахим Дехари, и на алпинистот Надир Мурсели, кои со припадници на МВР учествуваа во спасувачката мисија на Шар Планина минатиот месец“, потенцира министерот Спасовски.

Имено, веднаш по добиената пријава во попладневните часови на 8.11.2022, беше организирана спасувачка потрага по двајцата планинари, во која учествуваа екипи на МВР, ЦУК, СВР Тетово, ТППЕ Тетово, а Министерството за внатрешни работи се вклучи со тим од три возила и 10 припадници, кои учествуваа во спасувањето на еден од планинарите, кој беше пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош, и извлекувањето со хеликоптер на МВР на телото на планинарот што почина од при пад од карпа. Притоа при реализирање на спасувачката акција беше потешко повреден припадник на Единицата за брзо распоредување и началникот на СВР Тетово.

На средбата се разменија искуства од спасувачки мисии со цел унапредување на ефикасноста во самите постапки при таквите мисии и, генерално, сите ја потврдија максимата дека силата е во заедничката брза реакција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести