5.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Спасовски: Сите ветувања дадени пред 5 години, пред парламентарните избори се реализирани

Најчитани вести

Резултатите се видливи на секој чекор сите ветувања дадени пред 5 години, пред паралментарните избори се реализирани, порача Спасовски, додавајќи дека политиките на СДСМ се за граѓаните,за зголемување на животниот стандард, за унапредување на инфраструктурата и условите за живот во секоја општина, во секој град и населено место.

Пред четири години наследивме општини заглавени во долгови, без планови за развој, опустошени, помогнавме на сите општини да се раздолжат, обезбедивме и дополнителни 500 милиони евра за нови проекти на локално ниво, наместо барок и споменици, изградивме нови улици и патишта, водоводи, канализации, прочистителни станици, градинки, училишта, библиотеки, игралишта, нагласи Спасовски.

Тој истакна дека изминатите 4 години се реализирани над 7.000 проекти во општините, од нив над 200 се во Гази Баба, која во минатото со ВМРО ДПМНЕ, беше заборавена и отсечена општина, без водовод и канализациски систем во населените места.

Со СДСМ граѓаните се на сигурно, знаат дека проблемите што со децении ги мачеа можат да се решат, а од другата страна имаме криминална структруа, која се уште го слуша Груевски, рече Спасовски, додавајќи дека во центарот на Скопје расфрлија 700 милиони евра во барок, стиропор, жални врби, палми, споменици и како круна на се ја изградија Белата палата, бела само однадвор, внатре полна со црнила од режимот, криминалот и корупцијата.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работи на принцип на блокади и поделби, бледа копија на режимот, која ја влече државата назад.

За нас нема мали и големи, важни и неважни општини, нема урбани и рурални, затоа што во државата секој е важен, се бориме за секој еден, и така ќе продолжиме, да ја развиваме целата држава подеднакво, порача Спасовски.

Овде во Гази баба граѓаните што немаа водовод или канализација повеќе од 30 години, денес се сведоци на нова реалност, градиме нов мост на Вардар кој ќе ги поврзува Гази Баба и Аеродром, реконструирани се бројни патишта, наведе Спасовски.

Тој истакна дека со Борис Георгиевски Гази Баба стана позитивниот пример за работењето на СДСМ и на локално и на централно ниво.

Затоа имам лесна задача да ве повикам повторно да му ја дадете довербата на сегашниот и иден градоначалник Борис Георгиевски, да имаме победничка советничка листа, предводена од Александар Саша Димитријевиќ, да престанат блокадите, повика Спасовски.

Не помалку важно е да имаме градоначалник на град Скопје, за да имаме кадри кои посветено работат на развојот на општините и за државата и ги повика граѓаните на 17 октомври да му ја дадат поддршката и на старо новиот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов, бидејќи на Скопје му треба градоначалник со визија од 10, 15 години, кој не гради Скопје 2014, туку гради мостови, ги спојува граѓаните, а не ги разединува.

На 17 октовмри, масовно да гласаме за бројот 12, за голема победа во Гази Баба, за голема победа во Скопје, повика потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, се наведува во партиското соопштение.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com