Home » Спасовски: Сината униформа дејствува за зелена околина

Спасовски: Сината униформа дејствува за зелена околина

by Журнал.мк

Во периодот од 2017 до јули 2022, со целосната или делумната реконструкција на 75 објекти на МВР ширум државата, во сите СВР, за првпат во историјата од МВР спроведовме мерки за зголемување на енергетската ефикасност, за што од буџетот на МВР беа инвестирани 458.330.439 денари, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

– Зелената акција која во овие неколку години ја спроведува ова раководство на МВР, е токму во насока на владините приоритети за трансформација на енергетски план и има за цел да ја подигне јавната свест кај институциите, деловните субјекти и граѓаните дека сите можат да придонесат за поголеми заштеди и заедничко менување на енергетскиот профил на државата, но и намалена загаденост на воздухот и зелена околина, објави Спасовски.

Сината униформа, пишува министерот Спасовски, дејствува за зелена околина.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk