14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Спасовски се заблагодари на Србија за четирите хеликоптери

Најчитани вести

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се заблагодари на Србија за четирите хеликоптери кои помагаат за гасење на пожарите во државава.

– За мене е многу важно што и ние како држава не сме оставени сами на себе, тука се нашите пријатели од Република Србија и сакам да изразам благодарност во мое лично име и во име на МВР и Владата, до мојот драг колега г-динот Вулин, Владата на Србија и претседателот Вучиќ заради тоа што веднаш се согласија и пристапија со помош – четири хеликоптери кои ќе помагаат за гасење на пожарите низ нашата Република Македонија, напиша Спасовски на Фејсбук.

На територијата на државава од вчера се на располагање четири хеликоптери на МВР на Србија, од кои три се противпожарни, а четвртиот е за извидување и наведување.

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин, кој заедно со министерот Спасовски вчера попладне беше во Старо Нагоричане, каде што пожарот е локализиран, изјави дека доколку ситуацијата се влоши, спремни се да интервенираат и со луѓе и техника каде што ќе биде потребно.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com