-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Спасовски промовираше нови ласерски радари: Единствени во регионот располагаме со уреди од последната генерација

Најчитани вести

Министерството за внатрешни работи денеска презентираше 50 нови ласерски радари наменети за потребите на сообраќајната полиција, кои се опремени со уред за ноќно снимање.

Набавката вредна над 21 милион денари е направена согласно потребите на Единиците за сообраќај во МВР, следствено на актуелните европски полициски стандарди, наведуваат од ресорното министерство, посочи на промицијата министерот Оливер Спасовски.

,,Нашето Министерство е единствено во регионот кое располага комплетно со уреди од последната генерација, од кои невозможно е да се избрише снимениот материјал, при што бројот на уреди за брзина и алкохол, по жител, е на исто или дури и повисоко ниво од земјите од Европската Унија“, истакна Спасовски.

Тој посочи дека се неопходни секојдневните активности на полицијата во поглед на засилените сообраќајни контроли.

„Во таа смисла денешнава промоција на 50 модерни, технички високо-софистицирани радарски уреди, што МВР по пат на јавна набавка ги обезбеди за службениците на сообраќајната полиција, е уште еден, за нас многу значаен исчекор, во насока на утврдената цел -зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Уверен сум дека со овој нов зафат уште повеќе ќе се зголеми ефикасноста и квалитетот на сообраќајната контрола“, рече министерот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести