4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Спасовски: Од Авганистан доаѓаат учесници во меѓународните мисии, ќе бидат сместени во хотели

Најчитани вести

Бегалците од Авганистан во Македонија ќе бидат сместени во хотели или мотели, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во текот на вчерашното гостување во емисијата „10 Минути“ на ТВ21, додавајќи дека станува збор за лица кои работеле во мисиите на ОН и на САД.

Министерот нагласи дека Авганистанците по извесно време во Македонија ќе заминат во САД или во друга држава, каде што ќе им биде овозможен престој. Македонската Влада презема обврска за сместување на 450 бегалци од Авганистан, задолжувајќи ги МВР и Агенцијата за национална безбедност за спроведување на постапките за доделување на виза, со која тие ќе можат да влезат на територијата на Македонија, како што посочи Спасовски.

– Не станува збор за милитанти и екстремисти, туку за цивили, високообразовани луѓе кои се залагале за човекови права. Тоа се државјани на Авганистан кои работеле во мисијата на Обединетите нации, во мисијата на САД, Националниот демократски институт или во невладини организации кои што се занимаваат со човекови права, како и членови на нивните семејства. Не станува збор за мигранти кои што го напуштаат Авганистан. Тие ќе бидат тука одреден временски период и после тоа заминуваат или во САД или во некоја друга држава каде што им се обезбедува можност за престој – наведе Спасовски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com