31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Спасовски: Нема никакво пазарење со Мијалков, многу се детски размислувањата на опозицијата

Најчитани вести

„Во врска со невистините, ако Заев или било кој друг од СДСМ сакал да се пазари за било што со Мијалков или Груевски, тоа ќе го сторел во моментите кога започнавме со сериозната битка со нив, во однос на објавувањето на бомбите“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој напомена тие не сакале во ниту еден момент да преговараат затоа што сметаат дека е направен сериозен криминал и злодело и за тоа треба поранешниот директор на ДБК да одговара.

„Многу се детски размислувањата на опозицијата. Денес да го повикувате човекот кој те поставил да бидеш на позиција на власт преку делегати, кој што ги контролира и денес викате мене не ми треба помош од криминалците“, истакна министерот.

Спасовски соопшти дека моменално се води истрага и дека од вчера е назначен јавен обвинител кој што директно ќе раководи со овој случај.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести