Home » Спасовски на промоција на пилот-проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви“

Спасовски на промоција на пилот-проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви“

by Журнал.мк

Денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се обрати на промоцијата на пилот-проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви“, во организација на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија. На настанот свое воведно обраќање имаа и министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија (НСГНРСМ), Томица Стојановски, како и Генералниот секретар при НСГНРСМ, Лиза Велкоска.

„Со овој нов проект, кој го промовирате денеска, вашата цел е да добиете што повеќе релевантни податоци за тоа колкава е потребата од страна на глувите и наглувите лица за остварување на видеоповици со што би се надминале пречките со кои овие лица се соочуваат при комуникацијата низ институциите“, истакна министерот Спасовски во врска со пилот-проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви“.

Истакнувајќи го утврдениот концепт на МВР „Полицијата во служба на граѓаните“, Спасовски рече дека преку секојдневни активности се покажува дека секој еден граѓанин е важен, како во делот на зголемување на безбедноста, така и во делот на што поголема достапност на услугите што МВР ги нуди кон граѓаните.

Потенцирајќи ја традиционалната поврзаност на Министерството за труд и социјална политика со Националниот сојуз за глуви и наглуви, заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, рече дека низ годините поддршката сè повеќе и повеќе се зацврснува, а тоа е видливо и преку денешниот настан.

„Овој дигитален толкувач, не само што ќе го олесни и забрза начинот на пренос на информациите, туку исто така, обезбедува сигурен и точен пренос на информации кои им се потребни на глувите и наглувите лица во секојдневното живеење“, подвлече министерот Хусејин, напоменувајќи го и активното учеството и придонес на Националниот сојуз на глуви и наглуви кон развој на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030, која ги дава патоказите кон градење на инкклузивно и еднавко општество.

Од страна на министерот за здравство Фатмир Меџити, беше истакнато особеното значење на придонесот на Националниот сојуз за глуви и наглуви за функционирање на „Повикувачкиот центар за глуви и наглуви“, кој продолжува да обезбедува поддршка преку овластени преведувачи на знаковен јазик.

„Да може да нè разберат другите и ние да можеме да ги разбереме нив при разговор, секако преку толкувачи на знаковен јазик, бидејќи без толкувач на знаковен јазик ние глувите не можеме да комуницираме и да се разбереме. Колкава е навистина тежината со нашата попреченост, а тоа е ГЛУВОСТА, сега сакам сите заедно да го видиме тоа, преку ова кратко видео“, истакна во своето воведно обраќање, претседателот на Националниот Сојуз на глуви и наглуви лица на Република Северна Македонија, Томица Стојановски, и го најави видеоматеријалот кој беше презентиран на настанот со цел доближување на овој вид на попреченост до пошироката јавност#

Генералниот секретар на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија, Лиза Велкоска, истакна дека визијата на проектот е да ја даде испораката на најквалитетната видео услуга за далечинско толкување, што ќе им даде моќ на глувите лица да уживаат во независен живот, поврзани со другите во ова општество. Притоа пилот проектот има две главни целни групи, и тоа глуви лица и јавни служби, при што Дигиталниот толкувачки сервис може да обезбеди интегриран пристап до сите јавни услуги.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk