2.8 C
Skopje
Wednesday, October 20, 2021

Спасовски: Миграцијата може да се превенира и менаџира само ако има соработка на сите европски држави

Најчитани вести

Прашањето околу миграциските политики, односно предизвиците што миграцијата ги носи, особено после настаните од 2015 година што директно ги почувствуваме сите ние не само во регионот туку и во цела Европа, несомнено и во годините пред нас ќе биде една од приоритетните теми на општествено-политичките агенди. Ова го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето на конференцијата „Идни предизвици за управување со миграциите”, што се одржа во Скопје, во организација на Македонското здружение на млади правници заедно со канцеларијата на УНХЦР во Скопје.

Тоа пред се, како што истакна, не е само заради тоа што во нашето непосредно соседство, сè уште има голем број мигранти, туку и заради фактот што регионите од каде што и се случи силниот миграциски бран – Блискиот и среден Исток и денес се далеку од реална стабилизација.

Според него, миграцијата единствено може да се превенира и менаџира само доколку постои силно партнерство и соработка на сите европски држави, бидејќи партнерството пак го издигнува во фокусот на внимание предизвикот за координација, солидарност и нормативно-опертивна стандардизираност, неопходни за успешно справување со вакви предизвици.

-Нашата полиција бележи одлични резултати во поглед на откривањето и сузбивањето на илегалната миграција и криумчарењето на мигранти, за што впрочем сведочат и бројките кои што покажуваат дека само во текот на десетте месеци од годинава откриени се 67 случаи на криумчарење на над 1.300 мигранти, и притоа кривично се пријавени над осумдесет сторители, но сепак потребни се дополнителни напори и во другите сегменти за менаџирањето со миграциските проблеми, рече Спасовски.

За МВР во овој момент, како што посочи, од суштинска важност е што поскорото потпишување на Договорот за статусот меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за акции спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија.

Впрочем, како што посочи министерот, најдобар аргумент за неопходноста од таков Договор е аргументот за квалитетната и успешна соработка што нашата полиција ја остварува со колеги од полициите на повеќе европски земји во обезбедувањето на нашата јужна граница еве веќе неколку години наназад.

Бојана Божиновска – Силјановска од Македонското здружение на млади правници рече дека само во 2019 година заклучно со септември 15.443 лица биле спречени да остварат нелегален влез во Северна Македонија, а истиот број е надополнет со неколку илјади лица за следните два месеци од годинава.

– Во имиграциски протвор како во 2018 така и во 2019 година најмногу биле задржувани мажи, но сепак биле задржани и женски лица, како и деца. Најголем број од задржаните лица повторно се од Пакистан и Авганистан, а по нив се од Сирија, Турција, Бангладеж, Ирак… Специфично е што се забележува пораст на бегалци кои потекнувааат од Афричкиот континент и тоа најмногу од Еритреа и Гана, рече Божиновска -Силјановска.

Пролетните и летните месеци, како што додаде, се најатрактивниот период за транзитирање на лицата кои пребегнуваат.

-Притворањето од имиграциски причини сé уште се третира единствено како дел од административна процедура и истото не е ревидирано од судија и по одминување на 12 часа, рече таа и додаде дека е забележано зголемување на бројот на задржани деца и оти условите на задржување на деца не соодвествуват со домашните и меѓународните правила и стандарди.
На конференцијата се обрати и шефицата на канцеларијата на УНХЦР Моника Сандри, претседателот на МЗМП Зоран Дранговски, претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност Хари Локвенец и деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com