25.8 C
Skopje
Thursday, July 7, 2022

Спасовски: Конторолата врз оружјето е силен предуслов за градење безбедни заедници

Најчитани вести

Конторолата врз оружјето е силен предуслов за градење безбедни заедници и очекувањата се дека двата системи ќе помогнат да се превенираат и значително да се намалат понудата, побарувачката и злоупотребата на огненото оружје, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„ Како резултат на посветеното работење на тимовите на МВР и на УНДП, денеска можеме да зборуваме за два информациски системи кои се пуштени во продукција и етапно се спроведува процес на обука на работните места за полицискиот информациски систем и внесот на податоците во системот за регистрација на оружјето“, рече Спасовски.

Тој додаде дека со цел поефикасно користење на новите дигитални алатки, во рамки на проектот беше надградена техничката опрема во МВР. При тоа се обезбедени 127 компјутери, 68 печатачи, 60 скенери и 25 специјални печатачи за дозволи за оружје. Дополнително, над 350 полициски службеници минаа низ процес на обуки за користење на двата система.

„ Постоењето брзи и структурирани информации за оружјето е од клучно значење. Активностите во рамки на проектот ги подобрија капацитетите и ефикасноста за борба против криминалот што директно придонесува за зголемена безбедност на граѓаните. Во поширок контекст, особено сум горд што преку оваа регионална и национална иницијатива ќе придонесеме за унапредување на владеењето на правото, почитување на човековите права и зголемено учество на земјите во развој во системите на глобалното владеење. Токму овие принципи се во суштината на Целите за одржлив развој на Обединетите нации“, рече Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП.

Проектот за зајакнување на институционалните капацитети за борба против нелегалната трговија со оружје во исто време се спроведува во целиот регион како дел од Патоказот за контрола на мало и лесно оружје, чија основна цел е да се воспостави систем на контрола на малото и лесно оружје во земјите од Западен Балкан, согласно европските и меѓународните стандарди.

„ Малото и лесно оружје претставува сериозна опасност за безбедноста во регионот. Северна Македонија соодветно и со голем успех е посветена на постојано подобрување на практиките поврзани со малото и лесно оружје. Германија во голема мера ги цени овие напори и останува посветена да придонесе во процесот“, изјави Ото Граф, Заменик Амабасадор на Сојузна Република Германија.

Резултатите од проектот беа нотирани и во извештајот на Европската Унија за напредокот на земјата во 2021 година, каде е посочено дека софтверот за регистрација на оружје придонесува за полесна идентификација и следење на огненото оружје, беше кажано на настанот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com