14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Спасовски и Илиевски на средба со граѓани во кумановско: Се грижиме за сите граѓани

Најчитани вести

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Куманово, Оливер Илиевски и потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, денеска остварија средба со жителите на селото Љубодраг и населените места „Бабин дол“ и „Вера Которка“. Илиевски вети изградба на канализациска, водоводна мрежа и реконструкција на улици и патишта.

– Градиме канализација со приклучок на водоводна мрежа, ќе реконструираме повеќе улици и ќе изградиме пешачка зона со дрвореди. Пред вас давам завет дека сето ова ќе се исполни, потенцира Илиевски.

За населбата „Бабин дол“, Илиевски истакна дека ќе биде изработен урбанистичкиот план за утврдување на правниот статус на населбата, како и нејзино поврзување со „Менкова колиба“.

Потпретседателот на СДСМ, Спасовски рече дека зголемувањето на платите, подобар стандард, се цели кои успешно се спроведени.

– Се грижиме за секој граѓанин, сите сме едно семејство и секому му подаваме рака, работници, сиромашни, самохрани родители, лица со попреченост, сите сме еднакви и исти, едно општество за сите, изјави Спасовски.

Тој кажа дека за четири години е зголемена минималната плата од 9.000 на 15.000 денари, а од 1 јануари 2022 година ќе се зголеми на 300 евра. Спасовски вели дека просечна плата во државата сега изнесува 28.000 денари, за како што кажа плати се покачени повеќе од 100 евра.

– За нас и за граѓаните е важно платите реално да растат, а не виртуелно. Сите да добијат покачување и повеќе пари на своите сметки, а не покачувањата да бидат само на реклами. Со законот за минимална плата предизвикавме спирала на зголемувања на платите. Во 2017 година кога минималната плата беше 9.000 денари, денеска е 15.200 денари. Тоа се 6.000 денари повеќе пари месечно или 72.000 денари годишно за секој работник. Парите се на граѓаните, ги враќаме кај граѓаните, изјави Спасовски во Куманово.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com