Home » Спасовски за РСЕ: Управата за финансиско разузнавање извести за случајот со Зеќири

Спасовски за РСЕ: Управата за финансиско разузнавање извести за случајот со Зеќири

by Журнал.мк

Управата за финансиско разузнавање го известила Министерството за внатрешни работи за случајот со поранешниот генерален секретар Мухамед Зеќири кој е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања во истрага на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).

На прашањето како МВР дојде со сознанија за овој случај, министерот одговара:

„Секој обид или секоја индиција дека постои каков било криминал или висока корупција, и во државните органи, се процесуира. Така што, сите овие активности, пред сè Управата за финансиско разузнавање ги следи финансиските трансакции, веднаш каде што постои сомнеж го известува надлежното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи, постапуваме по однос на овие дела. Секако и за конкретниот случај којшто го споменавте е постапувано на тој начин. Ние нашата работа професионално ќе си ја завршиме, но сепак доказите на крај треба да ги цени судот и да ги донесе одлуките“.

Во истрагата со поранешниот генерален секретар на Владата осомничени се и двајца хрватски државјани. Случајот се однесува на злоупотреби во врска со склучување договор за консултантски услуги односно за изработка на физибилити студија за „Пошта на Северна Македонија“. Обвинителството го сомничи генералниот секретар оти во периодот од април 2021 до јануари 2022 г., без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk