Криминалот за една година го намаливме за 10,8 проценти.Ако ги споредиме периодите јануари-јули 2020 и истите месеци во 2021 година, криминалитетот се намалил за 10,8 проценти, напиша на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Според нашите анализи стапката на криминал на 100 илјади жители сега е 569 дела, а лани во иститот период 630 дела на 100 илјади жители, а тоа покажува зголемена проактивиност на полицијата.Исто така се бележи намалување на криминалот поврзан со дрога и наркотични средства, оружје, илегалната миграција но и и потрагите по потерници, напиша Спасовски.