14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Спасовски: Во врска со пожарите приведени се 17 лица

Најчитани вести

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи посочи дека дел од пожарите во земјава се подметнати или се предизвикани од невнимание на одредени луѓе. Затоа, според него, мора да има посериозна одговорност.

„Досега МВР има приведено 17 лица, повикани во полициска станица се 16 лица, имаме поднесено три кривични пријави и две прекршочни. Се уште се работи на добар дел од овие случаи и штом ќе заврши со целата постапка ќе се поднесат соодветни поднесоци“, напиша Спасовски на „Фејсбук“.

Постапката, како што наведува министерот, се води во координација со Јавен обвинител и од таму се добиваат насоките во однос на квалификација на кривичното дело.

https://www.facebook.com/o.spasovski/posts/1981985895312357

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com