0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

„Спасете ги децата“: Во Сирија од почетокот на годинава во два кампа за раселени починале 62 деца

Најчитани вести

Најмалку 62 деца починаа во два кампа за раселени лица во североисточна Сирија од почетокот на 2021 година, објави денеска организацијата „Спасете ги децата“.

Оваа невладина организација укажа на итна потреба од репатријација на странски деца од камповите.

Новиот извештај, насловен „Кога ќе почнам да живеам“, укажува на неодржливи услови за живот во камповите Ал-Хол и Роџ, кои се под контрола на курдските сили.

Во камповите се сместени десетици илјади раселени лица, меѓу кои околу 40.000 деца и семејства на странски џихадисти од групата Исламска држава.

Во Ал-Хол само 40 проценти од децата имаат пристап до образование, додека во кампот Роџ 55 проценти од домаќинствата посочуваат дека има деца кои работат и под 11-годишна возраст.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com