1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Најчитани вести

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се јавиле во Регионалниот центар за управување со кризи за помош.

„РЦУК, Тетово, во 18.30 часот, на повик од чешки планинар на Шар Планина во реонот на месноста Лешница, организираше и кординираше акција за спасување на повреден планинар, а и за пронаоѓање на целата група планинари (околу седум планинари) од Чешка којашто се имаше изгубено во природата на планината. Целата комуникација, сѐ до нивното проаоѓање и згрижување на повредениот, со скршеница на рака, се остваруваше до 20.25 часот“, соопшти Центарот за управување со кризи.

Веднаш по повикот, пожарникарите на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Тетово и полицајците на СВР Тетотво тргнале да ги бараaт планинарите на непристапниот дел од планинскот регион, а возилото од Брзата помош од Тетово се доближило на можната најблиска точка за средба за да се згрижи повредениот планинар.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести