-2.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Спалети отпаѓа, Милан разгледува други опции за тренер

Најчитани вести

Лучијано Спалети нема да биде тренер на Милан и покрај тоа што вчерашните информации велеа дека тој е многу блиску до клупата на „росонерите“.

Опции за Милан се сега Стефано Пиоли или тренер надвор од Италија. Се споменува Руди Гарсија, но тој се поврзува и со Монако, опција е и Марселино кој ја напушти Валенсија поради недоразбирање со газдите иако беше сакан од фановите и фудбалерите.

Лучијано Спалети има договор со Интер до 2021 година, и проблем е што тој сака во целост да биде исплатен. Нероазурите ќе го раскинат договор со него само доколку се договорат за пристојна компензација.

Стратегот тврдоглаво си ги сака парите, има договор со Интер според кој заработува меѓу 4,5 и 5 милиони евра годишно и не сака да се прости со ниту едно евро, па веројатно ќе го испочитува договорот до крај и ќе биде без работа до 2021.

Во една таква ситуација Милан не може ништо да направи, па раководството на Росонерите почна да разгледува други опции.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com