Home » Со 80 илјади евра за кампања во трка до 80 пратеници и граѓанска „дозвола“ за уставните измени

Со 80 илјади евра за кампања во трка до 80 пратеници и граѓанска „дозвола“ за уставните измени

by Журнал.мк

Преку кампањата „Ние сме Европа“, Владата и Секретаријатот за европски прашања (СЕП) во наредниот период ќе ги информираат граѓаните за придобивките и можностите од зачленувањето на земјава во Европската Унија.

За изведување на едномесечните активности ќе бидат издвоени пет милиони денари, односно 80 илјади евра – буџетски средства кои, како што истакна вицепремиерот Бојан Маричиќ на денешната презентација, се испланирани од минатата година во рамките на Секретаријатот за промоција на европските вредности.

Кампањата ќе се вика ‘Ние сме Европа’. Ќе се реализира во Скопје, Струмица, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип и во Куманово. Секаде ќе има тематски настани, со кои ќе ги покриеме најважните теми, кои врз основа на нашите анализи ги интересираат граѓаните. Целта на овие активности е да им ги претставиме на граѓаните придобивките од брзото членство во Европската Унија, неопходните реформи кои треба да ги направиме за да ги постигнеме европските стандарди во наредните неколку години и начините како членството ќе го заштити и зајакне нашиот идентитет, јазикот, посебноста и мултиетничкиот карактер на државата“, изјави денеска вицепремиерот Бојан Маричиќ. 

Официјалниот старт на активностите ќе биде на 30 август и ќе трае до крајот на септември. Првиот во серијата настани ќе се одржи во Скопје на 30 август и ќе го отвори премиерот Димитар Ковачевски.

Активностите ќе вклучуваат и средби со здруженија и граѓански организации и со сите оние што се заинтересирани да прашаат нешто конкретно за темата и генерално за процесот на пристапување. Во сите осум града ќе се одржуваат и трибини.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More