33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Со 3.000 стапчиња динамит урнат хотелот Трамп Плаза

Најчитани вести

Под наслов „Ерата на Трамп во Атлантик Сити заврши со 3.000 стапчиња динамит“, Њујорк Тајмс објави дека денеска бил урнат поранешниот хотел и казино „Трамп Плаза“ во тој град.

Хотелот Плаза, отворен во 1984 година, изграден од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, имаше 39 ката и некогаш беше симбол на Атлантик Сити.

Хотелот беше затворен во 2014 година откако банкротираше, а зградата толку многу пропадна во последните години што делови од фасадата почнаа да паѓаат.

Бројни американски телевизиски станици го пренесуваа во живо уривањето на оваа зграда, која беше срамнета со земја во 9:08 часот наутро по локално време и се претвори во куп шут и чад.

Њујорк Тајмс наведува дека набљудувачите на улица и оние кои сакале да го гледаат уривањето во живо од автомобил, морале да платат по 10 долари.

Земјиштето на кое се наоѓаше хотелот го купи инвеститорот Карл Ихан.

Њујоршкиот весник додава дека ова не беше ниту најголемата ниту најдобрата експлозија некогаш извршена со активирање на 3.000 стапчиња динамит.

Весникот, исто така, забележува дека уривањето се случило помалку од еден месец откако поранешниот сопственик на хотел и поранешен американски претседател Доналд Трамп ја напушти Белата куќа откако ја загуби трката за реизбор за претседател.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести