13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Со 2.500 дрвја ќе го направиме најдолгиот дрворед во Скопје, а и пошироко, најави Шилегов

Најчитани вести

Планираме долж целиот Кеј на Вардар, кој е уреден и среден после децении, да посадиме дрворед кој ќе брои околу 2.500 израснати дрвја, најави денеска актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат за втор мандат, Петре Шилегов.

„Ова освен што ќе значи многу за животната средина, кејот за неколку години ќе биде целосно под сенки што ќе го направи уште поатрактивен за посетителите“, изјави тој на денешната прес-конференција, додавајќи дека тоа ќе биде најдолгиот дрворед во Скопје, па веројатно и многу пошироко.

„Успешните политики во делот на екологијата, загадувањето и битката за поздрава животна средина даваат резултат. Она што функционираше сега го засилуваме и за четири години, а верувам дека темата за чист град ќе биде апсолвирана, правејќи го Скопје еко-град“, потенцираше Шилегов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com