Home » Со хеликоптер пренесен бугарскиот навивач кој беше прободен со нож за време на натпреварот Левски – Шкупи

Со хеликоптер пренесен бугарскиот навивач кој беше прободен со нож за време на натпреварот Левски – Шкупи

by Lina Muslija

Повредениот навивач од Бугарија пренесен со хеликоптер од Скопје во Софија откако седум дена се лекуваше на Одделот за интензивна нега на хирургија во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје по хирушки зафат откако се здоби со повреда од нож во физичка пресметка со навивачи на Шкупи.

Надлежниот јавен обвинител денеска  изврши распит на оштетениот пред неговото отпуштање од болница и ја обезбеди целокупната медицинска документација.

Постапката против четири лица за кривично дело – Насилство продолжува.

Се трага и по лицето за кое постои сомнение дека е директно одговорно за нанесување на тешката телесна повреда на бугарскиот државјанин.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More