18.8 C
Skopje
Saturday, April 1, 2023

Со Хебалајф производите до идеална тежина и здрав живот

Најчитани вести

Брзиот начин на живот често ги доведува луѓето до состојба да не се хранат здраво, да јадат брза храна, со многу калории, но малку хранлива вредност, што пак води кон зголемена телесна тежина, одговорна за многу болести.

Хербалајф, компанија која постои веќе 40 години, и е водечка во производството на здрава храна подготвува различни шејкови кои се водат како дополнителна исхрана, односно надоместуваат се она што низ секојдневната изхрана не го внесувате во организмот, а е потребно за правилен развој.

Во своето портфолио обезбедуваат дохрана за сите кои поради брзината на животот не јадат барем еден оброк домашно подготвена храна, но секако и за правилен развој на децата, на спортистите кои трошат многу повеќе од обичниот човек, а се грижат и за оние кои не можат да обезбедат пристоен оброк.

Горан Николиќ, новиот регионален директор на компанијата прецизира дека на дневна основа се пијат четири милиони Хербалајф шејкови, во светот, на 94 пазари, што на компанијата и носи прихот од околу пет милијарди долари годишно, а ги дистрибуираат четири милиони дистрибутери.

Според д-р Џонатан Јаром, луѓето се помалку се активни во текот на денот, а тоа доведува до зголемена тежина одговорна за повеќе болести на срцето, зголемен крвен притисок, реума и друго, состојби кои можат да се избегнат доколку правилно се храниме.

Тој верува дека за десетина години од сега речиси сите луѓе ќе ги користат бенефитите од шејковите на Хебалајф, кои се подготвуваат од најквалитетни материи, од соја одгледана на сопствени плантажи со најголем процент протеини, со алое вера ослободена од алоин, кој предизвикува дијареа, и од зелен чај, екстрахиран со вода, место со алкохол.

Јаром вели дека во триесет години, односно меѓу 25-тата и 55-тата година, луѓето во просек се здебелуваат по 15 килограми, па не се претпознаваат во огледало. Советува вишокот килограми да го избркаме низ врата, затоа што ние не сме ги поканиле.

Со еден шејк на Хербалајф се заменува цел оброк, затоа што тој е направен од состојки кои содржат потребни материии што вообичаено би ги добиле од еден оброк кој има 1.500 калории, а шејковите на Хербалајф содржат само 200 калории.

Секако, препорачува внесување доволно количество течности, односно вода, но советува и таа да не се зема прекумерно, затоа што може да предизвика вртоглавици и збунетост.

Хербалајф е компанија која во соработка со „Нахрани ги децата“ е глобален шампион во борбата против искоренувањето на детскиот глад и се поголемиот пораст на дебелината.

Во пресрет на 40-годишнината од основањето на компанијата, сличен настан се одржа и во Приштина пред три дена.

Најнови вести