7 C
Skopje
Sunday, January 24, 2021

Со трајната шминка се добива ефект на подмладување и правилен изглед на лицето

Најчитани вести

Трајната шминка помага да се вратат или корегираат контурите на очите и устата и да се добие идеален облик на веѓите според обликот на лицето и очите. Се работи со природни пигменти кои се привремени и постепено почнуваат да избледуваат после една година, а потполно избледуваат за 3- 5 години.

Со трајната шминка се добива ефект на подмладување и правилен изглед на лицето. Најбитно од се, секогаш спремни и уредни во секоја прилика. Трајната шминка треба да изгледа многу природно и неприметно. Да изгледате уредно но не да се познава како тетовирање.

Со нагласување на контурите на очите, усните и веѓите добивате поизразен изглед, секогаш изгледате уредно и свежо. Добивате покрупни очи, повесел и поизразен поглед и визуелно се подигнува паднатиот крај на окото.

Трајната шминка на усни е корисна кај клиенти кои имаат бледи усни, оние кои имаат потреба за визуелно зголемување на усните, контурирање на истите, за прикривање на лузни или како замена за секојдневен makeup.

Веѓите се многу важен дел од изразот на лицето и тие мора да се правилни. Секоја неправилнст дава погрешен израз на лицето. Веѓите можат да се задебелат, да се изедначат, или да се подигнат во сите природни бои почнувајќи од најсветли па се до најтемни, во зависност од вашата желба и бојата на веѓите.

Најбитно од се кога ќе решите да направите ваква промена која ќе трае повеќе години внимавајте каде и кому ќе го доверите вашиот изглед, бидејќи може да добиете и спротивен ефект а тоа ле трае неколку години. Само сертифицирано стручно лице би ја направило трајната шминка најубаво. Посебно е важно условите во кои се работи трајната шминка, треба да биде стерилизирано и чисто и ориборот со кој ве работи за еднолратна употреба. На секое повторно доаѓање, корекција или освежување повторно се вади нив прибор. Вака би се избегнало пренесување на крвните болести.

Со трајната шминка го кратите времето за секојдневно шминкање и секогаш ќе изгледате совршено и помладо!

Suzana Blazevska – Kozmetolog – edukator

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести