4.8 C
Skopje
Tuesday, January 31, 2023

Со Тојота Корола изминал 2 милиони километри – автомобилот сè уште работи беспрекорно

Најчитани вести

Новозеланѓанецот со својата Тојота Корола од 1993 година има изминато повеќе од два милиони километри – а автомобилот и денес работи беспрекорно.

Тој го купил автомобилот во 2000 година кога Королата имала само 80.000 километри. Бидејќи работи како доставувач на весници од 1968 година, брзо ја акумулирал километражата на Тојотата. Шест дена во неделата патувал од Велингтон до Њу Плимут, на Северниот остров во земјата. Потребни се четири часа и 45 минути за да се патува во еден правец.

Неговата Тојота Корола, која сè уште го има оригиналниот мотор и менувачот, минува речиси 5.000 километри секоја работна недела. За да ги држи работите под контрола, г-дин Хебли го сервисира својот автомобил во „Guthrie’s Auto Care“ на секои две недели. Механичарот Џон Шерман го потврди рекордот по долгогодишно сервисирање на овој автомобил.

„Да не работев на неа, немаше да верувам. Нема шанси да верувам дека може да направи два милиони без нешто да тргне наопаку“, изјави тој за „New Zealand Herald“.

Џон Шерман ја припишува импресивната бројка на часовникот на доверливоста на постарите возила на Тојота, честите сервиси и постојаното одржување на г. Хебли.

Тој тврдеше дека никогаш не видел ништо блиску до километражата на Королата, потсетувајќи дека најблиску бил автомобил кој поминал 700.000 километри.

„Но, ништо вакво. Во целата моја кариера, тоа е најмногу што сум видел“, рече тој.

Г-дин Хебли сè уште патува низ Новозеландскиот Северен Остров секоја недела, додавајќи дека не планира да престане да вози наскоро.

„Во овој момент верувам дека Королата може да ме надживее“, вели тој, пренесе Б92.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести