23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Со сослушување на сведоци на одбраната, продолжува рочиштето за случајот „27 Април“

Најчитани вести

Со сведоци предложени од одбраната, денес во Кривичниот суд ќе продолжи рочиштето за случајот „27 Април“.

На денешното рочиште ќе бидат сослушани сведоците во најголем дел од одбраната на Спиро Ристовски. Инаку, за потсетување, случајот се уште се наоѓа во доказна постапка.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести