Home » Со провокативен танц и лезбиски бакнеж Мадона отвори ЛГБТИ настан

Со провокативен танц и лезбиски бакнеж Мадона отвори ЛГБТИ настан

by Журнал.мк

Поп иконата Мадона имаше настап на одбележување на „Месецот на гордоста на ЛГБТИ“ кој се одржува во САД. Одбележувањето е во спомен на немирите во Стоунвол, кои се случија на крајот на јуни 1969 година.

Мадона имаше провокативен настап кој крајот заврши со бакнежи со 26 годишната раперка Токиша од Доминиканска Република.

Таа со Токиша го изведоа хитот „Hung Up“ од 2005 година и изведоа провокативна танцова кореографија.

Во моментот кога раперката клекна пред 63-годишната пејачка, Мадона рече: „Тешка задача, но некој мора да ја направи“, алудирајќи на орален секс, по што си разменија  бакнежи.

Токиша е музичарка кој според магазинот „Ролинг Стоун“ е симбол на сексуалната слобода и радикалниот феминизам.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More