Вечерва во Охрид ќе биде промоврана монографијата „Скопје. Осум милениуми живот, култура, творештво“ од авторите Драги Митревски, Виктор Лилчиќ Адамс, Елица Манева и Елизабета Димитрова.
Промотивна реч за делото ќе одржи ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола, проф.д-р Сашо Коруновски.
Промоцијата ќе се одржи во хотелот „Белви“ со почеток во 19:00 часот. извор: ОхридПрес