27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Со првата пратка од руските вакцини ќе се вакцинираат хронично болни и луѓето во старските домови

Најчитани вести

Првата пратка од руската вакцина „Спутник V“ вчера пристигна во земјава. Пристигнати се 3000 дози, а вкупно нарачани се 200 илјади. Први кои ќе се вакцинираат, согласно националниот план, се граѓани со хронични болести и луѓето сместени во старачките домови.

Вакцината „Спутник В“ е замрзнат раствор од 0,5 милилитри, за еден корисник, а ќе се чува во фржидерите во пунктот во „Јане Сандански“. Пратката е преземена преку службата на ДХЛ од Москва во Белград каде стигнале и одредени количини за Србија, заедно со овие 3000 за нас.

Во Светската здравствена организација се разгледува барањето за „Спутник“ да се вклучи во листата на лекови одобрени од СЗО, да се користат за во вонредни ситуации.

Во нашата земја не се намалува бројот на новозаболени од Ковид-19. Вчера беа регистрирани нови 333 случаи на Ковид-19 во земјава. Оздравени се вкупно 268, а починаа 10 лица.

Досега во земјата од почетокот на пандемијата се направени вкупно 543.254 тестирања на Ковид-19, а дијагностицирани се 107.163.

Вкупната бројка на оздравени пациенти е 94.729, а на починати е 3.195. Бројот на активни случаи изнесува 9.239.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести