-2 C
Skopje
Friday, March 5, 2021

Со победа, Македонија ќе се пласира меѓу 24-те најдобри

Најчитани вести

Селекцијата на Египет ѝ го нанесе вториот пораз на Македонија на ракометното Светско првенство (СП) во Египет. Денешниот дуел со селекцијата на Чиле е последна шанса за пласман во втората фаза од натпреварувањето.
– Имавме многу малку време да се подготвиме за Мундијалот. Повеќето од ракометарите не се ментално подготвени за едно големо натпреварување. Но, сепак, сметам дека можеме да стигнеме до победа во дуелот со селекцијата на Чиле и да се пласираме во следната фаза. Верувам дека во тој меч ќе влеземе и ќе одиграме со многу повеќе фокус и концентрација, а болните порази од Шведска и од Египет нека ни послужат како лекција за во иднина – изјави селекторот Данило Брестовац.
Во двете одиграни кола од групната фаза на СП во Египет, Чиле, како и Македонија има два пораза, од Египет (35-29) и од Шведска (41-26), така што денешниот меѓусебен дуел (од 15.30 часот, пренос на МТВ) ќе биде одлучувачки која селекција ќе продолжи во главната фаза од натпреварувањето на СП во Египет. Во втората фаза, Египет, Шведска и Македонија или Чиле ќе играат во новоформираната група 4, во која ќе бидат и Белорусија, Русија и Словенија. Од таму, по нови три меча, двете најдобри селекции ќе играат во четврт-финалето.

Чиле го игра својот шести мундијал во низа. Најдобриот пласман го имаше на СП 2019 (16. место). Во подготвителниот период, Македонија и Чиле одиграа два пријателски меча во Скопје, двапати победи Македонија (25-21 и 28-24), а 2-0 за Македонија е и скорот на големите натпреварувања. На СП 2013 година Македонија славеше над Чиле со 30-28, а на СП 2019 со 32-30.
Во досегашниот тек од натпреварувањето, како и на двата пријателски меча во Скопје, најефикасни поединци кај Чиле се ракометарите што играат во шпанската лига, левиот бек Ервин Фојхман (14 гола) на Адемар Леон, пикерот Естебан Салинас (12 погодока) на Гранолерс, како и десниот бек Родриго Салинас (11 гола) на Бидасоа Ирун.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА
Македонија – Чиле 15.30 ч.
Ј. Кореја – Русија 15.30 ч.
Словенија – Белорусија 18 ч.
Франција – Швајцарија 18 ч.
Португалија – Алжир 18 ч.
Шведска – Египет 18 ч.
Норвешка – Австрија 20.30 ч.
Исланд – Мароко 20.30 ч.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести