20.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Со онлајн дебата „Зошто превод“ се затвора Месецот на франкофонијата

Најчитани вести

Францускиот институт во Скопје и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“- Скопје денеска организираат онлајн дебата на тема „Зошто превод“ со што ќе се затвори Месецот на франкофонијата.

Преку зум платформата учесниците ќе дебатираат за предизвиците на писмениот и устен превод.

Како што е најавено, дебатата ќе ја отвори директорот на Францускиот интситут во Скопје Емануел Рембер.

Со свои излагања ќе учествуваат проф. д-р Ирина Бабамова, раководител на Катедрата за романски јазици и книжевности – Филолошки факултет „Блаже Конески“- Скопје, проф. д-р Елисавета Поповска, професор на Катедрата за романски јазици и книжевности – Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Елена Никодиновска од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Жарко Кујунџиски, директор на издавачката куќа „Антолог“ – Скопје и Сања Фурнаџиска-Адамс, конференциски толкувач.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести