Home » Со европско знаменце ќе се намалуваат казните за злоупотреба на службената положба и за злосторничко здружување

Со европско знаменце ќе се намалуваат казните за злоупотреба на службената положба и за злосторничко здружување

by Журнал.мк

Попладнето во Sобранието експресно се закажа и се одржа собраниската Kомисија за европски прашања на која во процедура со „европско знаменце“ власта сака да го смени Кривичниот законик. Со оваа промена Владата предлага намалување на казните за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и за „злосторничко здружување“.

Со една од промените се предвидува дека сторителот ќе се казни со казна затвор од една од 4 години, што значи дека се воведува горна граница, од која се пресметува застареност. Во актуелното законско решение, нема горна граница, туку санкцијата е дефинирана на најмалку 3 години, што значи дека горната граница се поставува на 20 години.

Во врска со делот за злосторничко здружување, со предложените законски измени, се предвидува дека пропишана санкција до 10 години се намалува на до 3 години, додека санкцијата пропишана на до 5 години во ставот 2 се намалува на до 2 години.
 

Ова не е прв пат измените во Кривичниот законик да поминат во Собранието.Ваков обид имаше пред да се галса за уставните измени за промена на името, но по бурните реакции на дел од тогашните пратеници законот беше повлечен.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk