Home » Со европски пари се подобруваат условите за живот во битолски Баир

Со европски пари се подобруваат условите за живот во битолски Баир

by Журнал.мк

Постепено се решаваат инфраструктурните проблеми во битолската населба Баир. Со европски пари се реализира проект за решавање на проблемите на луѓето кои живеат таму.

Завршена е реконструкцијата на две улици, се врши обнова на 27 домови, кои доставиле комплетна документација.

Најгорлив е проблемот на 29-те семејства, вкупно 120 луѓе кои живеат под регионалниот пат во импровизирани куќи и без пристап до вода.

Проблем на оваа заедница е и образованието. 60% од работоспособното население не е образовано.

За реализација на проектот за битолски Баир, Европската унија одвои 150 илјади евра.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More