8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Со две дози вакцинирани 43,6 проценти од полнолетните граѓани

Најчитани вести

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.014 дози вакцини, од кои 1.240 како прва доза, 1.730 ревакцинирани и 44 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

– Заклучно со 29 септември, вкупно се вакцинирани 786.979 граѓани, ревакцинирани се 726.625, а трета доза примиле 181 граѓани, велат од МЗ.

Ревакцинирани се 52 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст, а 32 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле најмалку една доза вакцина.

– Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47,2 отсто, а со две дози опфатени се 43,6 проценти од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја се вакцинирани, а 35 процентни од населението во државата примиле две дози вакцина, известуваат од Министерството за здравство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com