6 C
Skopje
Sunday, May 9, 2021

СО ГОДИНИ СЕ ОБИДУВА ДА ЈА РАСЧЕШЛА КОСАТА НА ЌЕРКА И: Лејла (9) има РЕТКО нарушување, и сега за прв пат се исчешла без солзи!

Најчитани вести

Лила Грејс Барлоу страдаше од ретко нарушување уште од раѓање.

Имено, оваа девојка, која наполни девет години, дури сега успеа да ја чешла косата, што дотогаш беше невозможно. Нејзината мајка со години се обидуваше да ја чешла непослушната коса на својата ќерка, но секој обид заврши со солзи на малото девојче.

Ниту помогнаа разните препарати за коса, ниту големиот напор што мајката го вложи. Според Дејли Меил, оваа состојба што предизвикува толку голем проблем со косата има корени во мутирани гени и влијае само на еден од 100 луѓе во светот.

– Сега конечно можеме да ја исчешламе до одреден степен, па дури и да правиме плетенки. Се чини дека конечно победивме, а понекогаш дури и луѓето велеа дека таа личи на Алберт Ајнштајн – рече мајката.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести