12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Со водени топови разбиен масовен собир во Брисел, има повредени

Најчитани вести

Најмалку 26 полицајци се повредени при разбивање на нелегален масовен собир во Брисел, на кој присуствуваа повеќе од 1.000 лица и покрај ограничувањата поради коронавирусот.

Полицијата интервенираше синоќа во паркот „Боа де ла Камбре“, во јужниот дел на градот, изјави портпаролот на полицијата.

Во акцијата биле користени водени топови, а интервенирале и полицајци на коњ.

Властите проценуваат дека од 1.500 до 2.000 луѓе се собрале во паркот, по лажна најава на социјалните мрежи за одржување на концерт.

„Тие не беа во согласност со мерката за одржување на физичко растојание или други хигиенски прописи“, велат полициските извори.

Припадниците на безбедносните сили биле гаѓани со шишиња, а некои биле опколени со агресивни демонстранти.

Најмалку еден полицаец бил погоден во главата и пренесен во болница, пренесуваат медиумите

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести