4.8 C
Skopje
Sunday, April 2, 2023

Со бронхопневмонија хоспитализирани околу 40 деца во „Козле“

Најчитани вести

Од почетокот на второто полугодие од учебната година нема зголемување на бројот на прегледи и хоспитализации во болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле“, информираат од болницата. Од таму додаваат дека во болницата се хоспитализирани околу 40 деца со бронхопневмонија.

„Состојбата е мирна и стабилна. Иако е само првата седмица од второто полугодие. До петок идната седмица ќе видиме дали почетокот на вториот дел од учебната година ќе влијае на бројката на пациенти, коишто ќе дојдат во нашата установа, изјави за МИА директорот на болницата „Козле” Бесник Зеќири.

Зеќири потсети дека зголемен број на пациенти, помали и повозрасни деца, имале пред Новата година.

Најнови вести