23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Сојузот на средношколци во дилема, ќе продолжи ли бојкотот?

Најчитани вести

Матурантите се  уште размислуваат дали да го продолжат бојкотот или да се откажат. Но велат не отстапуваат од нивните барања..Очекуваат поддршка од пратениците во Собранието преку законски измени   да издејствуваат  преполовување на бројот на предмети за државната матура.

Од МОН пак нема отстапки за државната матура. Министерката за образование и наука, Мила Царовска е децидна, роковите за пријавување матура се поминати и оваа генерација мора да ја заврши учебната година по сегашниот концепт.

„Голем дел од матурантите се спремаат и сметам дека ние навистина немаме право да им го ускратиме правото на полагање матура заради тоа што ако министерот покаже дека не го почитува Законот што останува за останатите. Ние треба да бидеме пример и затоа согласно Законот јас немам друга опција освен да ја спроведам државната матура.“ – Мила Царовска- министерка за образование и наука.

Реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, побараа  Царовска да ги поддржи барањана матурантите.

„Не е точна изјавата на министерката Царовска дека нема друга опција во однос со проблемот со матурата. Опцијата е да ги поддржи измените на законот кој се предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ кои во целост ги содржат барањата на матурантите. Нивните барања, а и предлог законот доставен до Собранието, не се за укинување на матурата, туку за намалување на предметите за полагање на матура оваа учебна година.“ – ВМРО-ДПМНЕ.

Матурантите веќе две недели ја бојкотираат онлајн наставата, односно од почетокот на второто полугодие, бидејќи МОН не го прифаќа нивното барање, да полагаат два наместо четири предмети на матурскиот испит, едниот предмет да биде мајчин јазик а другиот по избор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести