-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Софтвер од Израел користен за хакирање на паметни телефони

Најчитани вести

Шпионски софтвер развиен во Израел се користел за успешно хакирање на 37 паметни телефони ширум светот кои им припаѓале на новинари, владини службеници и активисти на организации за човекови права, се наведува во заклучокот од истрагата спроведена од 17 медиумски организации.

Една од тие организации, весникот „Вашингтон пост“, тврди дека шпионскиот софтвер наречен „Pegaz“, создаден од безбедносната организација НСО Груп, бил користен, меѓу другото, и за прислушување телефони на две жени кои биле блиски со Џамал Кашоги, колумнист на „Вашингтон пост“ убиен во 2018 година во конзулатот на Саудиска Арабија во Турција, пренесува „Ројтерс“.

Лондонски „Гардијан“ исто така истакнува дека истрагата покажала дека шпионскиот софтвер постојано и често се злоупотребувал дозволувајќи да се извлекуваат СМС пораки, фотографии и е-пошта, тајно да се снимаат повици и да се активираат микрофони на уредите на корисниците.

Заклучоците од истрагата, кои не беа независно потврдени од „Ројтерс“, не наведуваат кој и зошто го користел овој шпионски софтвер, но израелската компанија рече дека тој е развиен за владините разузнавачки структури и безбедносните агенции кои се борат против тероризмот и криминалот.

Израелската компанија на својата веб-страница ги негира обвинувањата од истрагата на 17 медиумски куќи предводени од непрофитната организација „Забранети приказни“, со седиште во Париз.

НСО Груп соопшти дека нејзината технологија во никој случај не може да биде поврзана со убиството на новинарот Кашоги, но портпаролот на компанијата вчера не беше достапен за да обезбеди дополнителни информации за „Ројтерс“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести