9.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Софтверската апликација го десеткува организираниот криминал

Најчитани вести

Стотици апсења се извршени низ целиот свет како резултат на една од најмасовните операции преземени против организираниот криминал. Во акцијата учествувале полицајци од Европа, САД, Австралија и од Нов Зеланд.

Илјадници шифрирани пораки меѓу криминалците биле дешифрирани во реално време последните три години, што довело до собирање докази, со кои се поднесени стотици обвиненија.

Апсењата се извршени по истрагата на австралиската федерална полиција и ФБИ, кои тајно ги следеле комуникациите на истакнати претставници на криминалниот свет, откако претходно успешно ја подметнале апликацијата АНОМ во телефоните што биле користени од многубројни криминални организации.

Австралискиот премиер Скот Морисон истакна дека меѓународната полициска операција му нанела огромни штети на организираниот криминал во поголемиот дел од светот.

– Операцијата му зададе тежок удар на организираниот криминал, не само во нашата земја, туку ехото од истрагата може да се почувствува низ целиот свет – истакна Морисон.

Во операцијата учествуваа и националните полиции на неколку европски земји и Нов Зеланд. Во текот на последните три години тие успеаја да дешифрираат илјадници шифрирани пораки во комуникацијата на криминалните банди, соопшти австралиската полиција. Новозеландската полиција ја опишува операцијата како најсофистицирана досега против организираниот криминал.

Акцијата беше наречена „Тројански штит“. Воедно им дозволи на истражителите од 16 земји да ги следат членовите на мафијата, азиските криминални синдикати и банди на моторизирани криминалци.

Следењето на пораките се случило преку апликација наречена АНОМ, која ја користеле криминалците низ светот за да комуницираат кодирано, но која била де факто контролирана од ФБИ. Информациите меѓу криминалците се однесувале на планови за убиства, трговија со дрога и оружје. Апликацијата е инсталирана на мобилни телефони што немале никакви други функции и бил прифатени од криминалците. Според австралиските медиуми, полицајци биле вклучени во делењето на овие телефони на озлогласени криминалци.

– Во пораките што ги разменуваа, криминалците постојано разговараа за испорака на дрога, за организирање насилни акти, за меѓусебните расправии и за тоа како сакаат да убијат некое невино лице, кое им стои на патот – открива шефот на австралиската федерална полиција, Рис Кершо.

Само во Австралија за време на операцијата биле извршени 224 апсења во сите делови на земјата. Во Нов Зеланд се приведени 35 лица, за трговија со дрога и перење пари. Само во Нов Зеланд повеќе од 300 полицајци беа вклучени во операцијата, 900 лица беа обвинети, а запленети беа 2,6 милиони американски долари.

Во Австралија беа одземени околу 3,7 тони дрога, повеќе од 100 парчиња огнено оружје, речиси 45 милиони австралиски долари. Против уапсените беа покренати 525 обвиненија.

Се очекуваат уште апсења и обвиненија што ќе бидат поднесени во наредните денови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com