6 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Софија Вергара измами воздишки со припиениот црн фустан

Најчитани вести

Софија Вергара со сопругот Џон Манганиело присуствуваа на премиера во Лос Анџелес, а таа ги остави со подзинати усти сите присутни.

Пред 20 години јавноста прв пат се запозна со „Џеј и Тивкиот Боб“, а дуото кое го играат Кевин Смит и Џејсон Мејс, се врати во Лос Анџелес за премиера на новиот филм „Враќањето на Џеј и Тивкиот Боб“.
Но на премиерата целото внимание го украде Софија Вергара која се појави во неверојатно секси издание. Актерката која на црвениот тепих прошета во друштво со сопругот, актерот Џо Манганело, ги воодушеви сите со тесниот црн фустан, кој во горниот дел беше со корсет, а долниот дел беше провидна црна тантела. Изгледот го комплетираше со црни хулахопки и сандали на високи потпетици. Нејзиниот сопруг со оделото во боја на вино, само го надополни целиот впечаток за згодна холивудска двојка.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести