-5.2 C
Skopje
Monday, January 24, 2022

„Софиски форум за Западен Балкан” во организација на Илхан Ќучук

Најчитани вести

Европратеникот на бугарската партија „Обнова на Европа”, Илхан Ќучук, денеска во Софија го организира „Форумот за Западен Балкан”, во партнерство со Фондацијата за либерална интеграција и Европскиот либерален форум. Како што јави дописникот на МИА од Софија, настанот ќе се одржи во софискиот хотел „Балкан”, со строго почитување на антиепидемиските мерки.

Според организаторот на настанот, Илхан Ќучук, новата бугарска Влада има можност да го рестартира конструктивниот дијалог, бидејќи интеграцијата на Западен Балкан ќе биде успех за регионот, за ЕУ, но и за Бугарија.

-Процесот на проширување е стратешка цел што ги обединува целиот регион и ЕУ, а поддршката за реформите во регионот мора да продолжи, бидејќи ЕУ и нејзините вредности остануваат најголемиот обединувачки фактор, изјави бугарскиот европратеник Илхан Ќучук.

На форумот ќе учествува и еврокомесарот за добрососедство и проширување, Оливер Вархеи, експерти од областа, а се очекува да присуствува и главниот преговарач на македонската Влада со Бугарија, проф. Владо Бучковски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com