30.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

СОС Медитеран: Кај либискиот брег потона брод со 130 мигранти

Најчитани вести

Меѓународната невладина организација „СОС Медитеран“ синоќа соопшти дека во морето во близина на либискиот брег потонал брод со 130 мигранти.

Организацијата изјави дека досега не пронашла преживеани и дека во морето во близина на бродот имало десетина тела кои плутале.

-Повеќе нема надеж за наоѓање преживеани, изјави неименувана француска новинарка која се наоѓа на бродот на добротворната организација „СОС Медитеран“.

Таа додава дека бродот се превртел претходната ноќ поради лошите временски услови.

Од 1 јануари во водите на Медитеранот, главно на пат од Либија и Тунис кон Европа, досега умреле повеќе од 450 мигранти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести