-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Состојба со COVID-19 во Северна Македонија и светот

Најчитани вести

Состојба со Covid-19 во република северна македонија, период 14.06.-20.06.2021 Тестирани се вкупно 20.838 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,2% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 87 нови позитивни случаи од 14 градови во државата со намалување од 28,7% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 0,1% до 1,0%, просечно 0,4%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=29; 33,3%), со неделна инциденца – 4,7/100.000. Највисока неделна инциденца од 21,0/100.000 е регистрирана во Кичево (Табела 1, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 14.06.-20.06.2021, Р.С Македонија
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, освен возрасната група од 0-9 години. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=38, 43,7%). Заболени се регистрираат и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=18; 20,7%) и 40-49 (n=13; 14,9%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 50-59 (n=9; 10,3%), 20-29 (n=8; 9,2%) и децата од 10-19 години (n=1; 1,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, освен во возрасната група над 60 години каде се регистрира непроменет број на заболени. Најголемо процентуално намалување се регистрира кај лицата на возраст од 0-9 години каде оваа недела не е регистриран ниту еден случај (100%) и во групата од 10-19 години(87,5%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 43 (49,4%) лица од женски и 44 (50,6%) од машки пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 238 лица кое биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 51,6% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 3 смртни случаи од 2 града, 57,1% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, сите 3 лица биле над 60 години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com