-7.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ

Најчитани вести

На Брдо кај Крањ во Словенија денеска почнува дводневен состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија. Тоа, како што се наведува словенечкото претседателство на ЕУ, ќе биде можност за поотворена, динамична и стратешка размена на мислења меѓу учесниците за различните димензии на улогата и позицијата на ЕУ во светот. Во истовреме, министрите за одбрана на ЕУ го продолжуваат неформалниот состанок во Брдо кај Крањ на кој разговараат за ситуацијата во Авганистан и другите мисии и операции на ЕУ, вклучително и Западен Балкан.

Агендата, исто така, вклучува зајакнување на отпорноста, мисии и операции на ЕУ, соработка со НАТО и ОН и Стратешкиот компас, е објавено на веб-страницата на словенечкото претседателство со ЕУ. Во пресрет на состанокот, министерот за одбрана на Словенија, Матеј Тонин, изјави дека една од главните задачи поврзани со безбедноста и одбраната е развојот на Стратешкиот компас. „Заедно со високиот претставник Жозеп Борел, министрите ќе разговараат за зајакнување на отпорноста и на борбата против хибридните закани, надворешните мешања и манипулации“, рече Тонин.

ЕУ работи на развој на Стратешки компас, документ кој вклучува четири области – управување со кризи, партнерства, градење капацитети и градење на отпорност. „Особено во светлината на неодамнешните настани во Авганистан, ние мора да работиме ефикасно заедно, координирано, почитувајќи ги индивидуалните карактеристики на секоја организација“, наведе словенечкиот министер

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com