Home » Состанок на Советот за безбедност на ОН за нуклеарката во Запорожје

Состанок на Советот за безбедност на ОН за нуклеарката во Запорожје

by Журнал.мк

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи итен состанок на кој ќе разговара за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје во Украина, додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за бомбардирање на таа локација. Извори блиски до актуелното кинеско претседателство со Советот за безбедност изјавија дека состанокот е закажан за 11 август во 15:00 часот по локално време. Други дипломатски извори наведоа дека средбата на претставниците на 15-те земји членки на Советот за безбедност ќе се одржи денеска попладне на барање на Русија.

Русија има право на вето, како и постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, а тоа се Кина, САД, Франција и Британија. Најмалку 14 лица загинаа во неодамнешните воздушни напади во близина на нуклеарната централа Запорожје, која беше преземена од руските сили. Групата од седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7) вчера ја обвини Русија дека го загрозува регионот околу Запорожје и побара враќање на електраната на Украина. Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за воздушните напади.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk