Состанок на шефовите членки на „ЕКОВАС“ во нигерискиот главен град Абуџа. Ќе се разгледуваат натамошните чекори за ситуацијата во Нигер. Актуелниот претседател на „ЕКОВАС“ става акцент на дипломатијата, но не исклучува и воена опција. Пред вонредниот самит воената хунта на Нигер се состана со двајца нигериски пратеници, нудејќи надеж за дијалог.
Разговорите се одржаа додека Нигер ја обвини Франција за нарушување на нејзиниот воздушен простор, напад на воен камп и ослободување на „терористите“ за да ја поткопа земјата. Париз ги отфрли обвиненијата.