17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Состанок на директорката на ММФ, Георгиева и гувернерката на Народна банка, Ангеловска-Бежоска

Најчитани вести

Народната банка има витална улога во ублажувањето на влијанието на кризата и обезбедувањето економска и финансиска стабилност. Вашите професионалност и независност се од клучно значење, рече директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, на состанокот со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

На состанокот била нагласена важноста на силните и кредибилни институции, особено во услови на криза, кога треба да сторат сѐ што е потребно за зачувување на довербата и поддршка на домаќинствата и компаниите. Исто така, било истакнато дека професионалноста и независноста на централната банка се клучни предуслови за исполнување на нејзиниот мандат, вклучително и за обезбедувањето на целокупната стабилност на финансискиот систем.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ги нагласи поддршката и партнерството од страна на ММФ низ годините.

„За нас е особено важно што имаме меѓународен партнер со силен интегритет, професионализам и стручност, којшто постојано вложува во подобрувањето на нашите капацитети и ни помага во зацврстувањето на нашата улога во општеството“, истакна Ангеловска-Бежоска.

Во однос на тековната здравствена криза, Георгиева и Ангеловска-Бежоска разговарале за неизвесноста и предизвиците за носителите на политики во периодот што доаѓа.

На состанокот било истакнато дека на глобално ниво е потребна будност и претпазливост во овие околности и заради неизвесноста околу времетраењето и последиците од пандемијата.

Ова се однесува и на политиките на финансискиот сектор, во коишто треба да има мерки за зајакнување на отпорноста на финансискиот систем. Во тој контекст било посочено на неопходноста од претпазливост во политиките за распределба на дивиденда, како важен чекор во градењето на капацитетот на системот, сѐ додека не започне процес на одржливо закрепнување.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести