-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Сораја и Неимар повторно во шема: Бразилскиот фудбалски ас „одлепи“ по српската старлета (ФОТО)

Најчитани вести

Пред неколку години, сите светски медиуми пишуваа за љубовната врска помеѓу српската старлета Сораја Вучелиќ и брзилскиот фудбалски ас Нејмар, кој по неа тогаш дури испрати приватен авион. Сега, по се изгледа дека тие двајца го обновиле контактот.

До неодамна, Нејмар ги пополнуваше насловните страници на светскиот печат поради наводите дека се обидува да ја заведе италијанската инфлуенсерка Кјара Насти, но тој изгледа дека повторно фрлил око на Сораја и договорил состанок со неа, според тврдењата на емисијата „Ексклузив“.

Сораја ретко зборува за медиумите, но пред два месеци говореше за своите идни планови.

„Секогаш имам планови, но јас сум некој што прво сака да ги реализира, а потоа да зборува за тоа. Оваа ситуација го погоди целиот свет, некои позитивно, некои негативно, но за жал луѓето се’ уште се борат со опасниот вирус. Се надевам дека наскоро ќе ве израдувам со добри вести во врска со моите планови“ – изјави Сораја останувајќи таинствена во тоа време.

Можеби токму сега е дојден моментот на вистината?

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com